Велнес Ќоше

ERASMUS+ младинска размена – „Eco(art) Eco(society) Echo ∞“

ГРИТ е партнер организација во имплементацијата на младинската размена „Eco(art) Eco(society) Echo ∞“ во Youth Center Žalec, Словенија во период 26.08.- 30.08.2022

  • Нашиот проект ќе им користи на младите учесници со текот на времето, бидејќи проектот ќе им обезбеди вештини кои ќе им помогнат да ги намалат чувствата на изолација, депресија и анксиозност, да ги ублажат симптомите на болести поврзани со стрес, да помогнат да се зголеми само-ефикасноста и социјалната кохезија.По завршувањето, учесниците ќе стекнат искуство во областа на трансформација и размислување за сопствената (младешка) популација, самопочит, самодоверба и споделување на научените вештини и знаења со своите врсници. Учесниците ќе имаат корист од проектот, бидејќи ќе бидат во процес на развивање на радоста на истражување, откривање и експериментирање, развивање позитивни емоции кон сопствената татковина и заљубување на нејзиното природно наследство.
    Бенефитот што ќе остане за младите учесници и по завршувањето на проектот,ќе биде свеста за безбеден и здрав начин на живот.Со реализацијата на проектот сакаме да постигнеме неутрализација и релативизацијана меѓусебната различност и изградба на нови алатки за изразување на сопствените идеи за решавање проблеми, заедно со младите и градење самодоверба и ширење на новостекнатите искуства во врснички групи. Целите на нашиот проект се да воспоставиме и изградиме програма за млади, која ќе вклучува процеси на доживување, изразување и создавање со уметнички изразни средства и вклучува творење со природни и рециклирани материјали (еко-уметничка терапија).