Запознајте се со тимот позади овој проект!

ЖЕНИТЕ КОИ СТОЈАТ ПОЗАДИ ОВАА ИДЕА

Мартина Јачевска

Верувам дека промената која сакам да ја видам во светот започнува со мене. Активно се залагам за подобрување на квалитетот на животот на младите во Пробиштип и во државата преку иницирање и учество во процеси кои носат промени. Активно практикувам јога веќе 5 години, една од најдобрите одлуки кои ги имам донесено во животот. Сметам дека секој оној кој сака да стигне до вистинското јас може и треба да го избере патот на јогата.







јога инструкторка

Ивана Петрискова

Jaс  сум менторка и човек кој верува во остварувањето на целокупниот потенцијал на луѓето. Работата на себе и доживотното учење се мојот стил на живот. Преку практикување на интуитивен танц,  јога, медитација и пишување на поезија го поврзувам телото со мојот внатрешен свет.Верувам дека можете да ги запознаете другите на она ниво на кое се имате запознаено себеси, затоа што, да се знаете, да се сакате и да се прифаќате себеси на прво место дава простор да имате сочувство за другите. Словакиња омажена за македонец.




менторка

Александра Миличинска Пановски

Работам како психотерапевт во приватна пракса, а дел сум и од тимот на младинската организација ГРИТ. Исто така сум и долгогодишен волонетр и соработник на Црвен Крст- Пробиштип во областа на психосоцијалната поддршка. Најголемо задоволство во мојата работа ми претставува постигнатиот развој, свесност и трансформација кај луѓето со кои работам. За мене претставува огромна чест да бидам поддршка која креира сигурен простор за моите клиенти како би можеле да истражуваат, освестуваат и прават значајни промени во своите животи. Верувам дека работата на својот личен раст и развој е одговорност на секој од нас кон самите
 себе .

психотерапевтка