Жените секојдневно целосно се предаваат на своите улоги, па често знаат да заборават на себе. Во ваквото секојдневие дозволете си Враќање кон себе!Програмата вклучува јога и медитациски вежби, психолошки вежби, групна терапија, изразување преку танц, сликање и други техники спроведувани од лиценцирани професионалци во областите.Со учеството во оваа викенд програма вие директно помагате на млади жени (15-29) од социјално загрозени категории кои ќе имаат можност да учествуваат во истата бесплатно БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАС!

КОГА?

31.3 - 2.4.2023

КАДЕ?

Вила Ана Марија, село Дурачка Река 

Агенда

Петок
31.03.2022

17:00 - 18:00 Пристигнување и запозавање
18:00 - 19:00 Очекувања и поврзување на групата
19:00 -  –    Вечера

Сабота
01.04.2022

08:00 - 09:30 Јога час
09:30 - 10:30 Појадок
10:30 - 14:00 Будење на сетилата преку прошетка во природа
14:00 - 16:00 Ручек
16:00 - 17:30 Вежби за личен раст и развој
17:30 - 19:00 Медитација со креативно изразување
19:00 - 20:00 Вечера
20:00 - 21:00 Интуитивен танц
21:00 - 21:30 Вечерна водена медитација

Недела
02.04.2022

08:00 - 09:30 Утринска јога сесија
09:30 - 10:30 Доручек
10:30 - 11:30 Рефлексија и порој од пофалби
12:00 - –        Заминување

Кој може да се пријави?

Програмата е наменета за девојки и жени од нашата држава без ограничување на возраст! Со пополнување на следниов формулар ЛИНК. ВАЖНО! Откако ќе се пријавите веднаш ќе бидете контактирани од нашиот тим за да го потврдите вашето место.

Цена

За први 3
 пријавени

4500 мкд

За следните
 5

6500 мкд

До пополнување на капацитет

9000 мкд

Што вклучува цената?
✅Во цената се вклучени оброци, сместување, програма, и материјали.
Што не е вклучено во цената?
❌Во цената не е вклучен превозот до местото на настанот.

Сите учеснички на викендот ќе добијат беџ за општествена одговорност. Беџот се добива како благодарност за купувањето и учеството во програмата. Средствата кои ќе бидат собрани ќе се искористат за креирање на последната Програма за поддршка за девојки и жени (15-29) со помалку можности.